ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Н.(26) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 25.05.2021 околу 22:00 часот, при преглед извршен во Кичево на патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кој се превезувал Г.Н., кај него било пронајдено и одземено пакување со марихуана.