На 02.07.2022 во 23:15 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.Л.(28) и Ј.Б.(25), двајцата од Велес, затоа што при преглед во возило „фиат панда“, со велешки регистерски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени четири куршуми за пиштол со калибар 7.65мм.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.