На 29.11.2022 во 15.55 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, Ѓ.С.(74) од село Градско Балдовци, струмичко, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.