На 14.07.2021 во 21:30 часот било пријавено дека во Охрид, на пешачката патека во близина на Центар за обука на вода, Б.Ч.(42) од Охрид, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на патеката.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.