вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист пренесен во Клинички, удрен од автомобил во Маврово

Велосипедист пренесен во Клинички, удрен од автомобил во Маврово

На 20.06.2020 околу 17.15 часот на регионален пат Маврови Анови – с.Маврово патничко моторно возило“фиат браво“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од О.Д.(25) од с.Маврово удрило во велосипедист Ѓ.Н.(42) од Скопје.

По незгодата, со возило на итна медицинска помош велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар.