сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист тешко повреден на регионалниот пат Скопје-Тетово

Велосипедист тешко повреден на регионалниот пат Скопје-Тетово
илустрација

На 26.11.2022 во 13.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко моторно возило “хјундаи“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(66) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.Б.(48) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.