среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедистка тешко повредена, ја удрил автомобил во Охрид

Велосипедистка тешко повредена, ја удрил автомобил во Охрид
илустрација

На 19.06.2021 во 09.45 часот на крстосницата од ул.„Железничка“ со ул.„Будва“ во Охрид, патничко возило „опел“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(34) од Охрид удрило во велосипед управуван од Е.А.(71) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, која е пренесена во Општа болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.