петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедистка тешко повредена во сообраќајка

Велосипедистка тешко повредена во сообраќајка
илустрација

На 25.04.2023 во 15.10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Ванчо Прќе“ во Гевгелија, патничко возило „фолксваген лупо“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(20) од Гевгелија, удрило во велосипед управуван од Т.А.(54) од Гевгелија, велат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.