На 04.08.2022 во 13:10 часот во Полициската станица Гостивар, 63-годишник од Охрид пријавил дека на 03.08.2022 бил измамен од едно лице за сума од 19.000 денари.
Според пријавеното, лицето телефонски се претставило како менаџер во угостителски објект во тетовско и му порачало угостителска опрема и побарало од него на влез во Гостивар да се сретне со друго лице, да земе дел за комбајн и да му го плати, а парите ќе му ги даде кога ќе се видат во Тетово.
Исто така, според пријавата, откако ги дал парите го барал лицето, но не можел да го добие по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.