петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Кичево во еден ден нападнати три лица од кучиња скитници

Во Кичево во еден ден нападнати три лица од кучиња скитници
Илустраци

Проблемот на граѓаните на Кичево со честите напади од кучиња скитници не запира и само во текот на вчерашниот ден од кучиња скитници настрадале тројца жители од градот, две млади момчиња и еден постар жител .

-Вчера М. Г. (19) од Кичево во надлежната полициска станица пријавил дека на улица „Пиринска“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Во текот на истиот ден, регистрирани се уште два напади и тоа врз Д. А. (62) кој настарадал на улица „4-ти Јули“ и Н. И. (23) кој настрадал на улица „Јанко Михајлоски“, рече портпаролот Стефан Димоски.