Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Б.(24) од селото Горенци, општина Дебарца.
При контрола на патничко возило на бул.„Туристичка“ во Охрид, со кое пријавениот се превезувал, кај него, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.