СВР Битола поднесе кривична пријава против В.У.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Пријавената ставила марихуана и таблета МДМА во шише и како пратка преку брза пошта му го испратила на С.Б.(21) од Охрид, кој бил на издржување судска мерка во судско одделение во ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар.