сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во штипскиот затвор: Мајка криела марихуана во пакетот наменет за синот затвореник

Во штипскиот затвор: Мајка криела марихуана во пакетот наменет за синот затвореник

Од Казнено-поправната установа – Затвор Штип вчера пријавиле во полиција дека во затворот, во пакет наменет за затвореникот Х.В., кој го донела неговата мајка Б.В., службени лица пронашле марихуана.

Од МВР информираат дека полициски службеници извршиле увид и ја одзеле марихуаната.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.