четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во скопско Катланово уапсена жена од Косово

Во скопско Катланово уапсена жена од Косово

Денеска (06.07.2022) во 12.30 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода С.А.(64) од Kосово, со живеалиште Скопје.

Таа била барана по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 131 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.