Ноќеска (22 февруари) околу 00.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(30) од тетовско Боговиње, чиј угостителски објект во с.Жеровјане работел по дозволеното време и во него престојувале 13 гости и шест(6) странски државјанки.
А.А. бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.
Во угостителскиот објект, исто така, приведени се и три(3) странски државјанки, од кои две(2) од Русија и една(1) од Република Албанија, поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно дека престојувале спротивно на целта.
И тие се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.