петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач и сопатник повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

Возач и сопатник повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово
илустрација

На 27.07.2023 во 00.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучка Жеровјане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(35) од гостиварско Здуње и патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(26) од тетовско Каменјане.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, А.Б., констатирани во гостиварскиот Ургентен центар. Додека, со телесни повреди се здобил возачот од возилото „поло“, констатирани во Клиничка Болница Тетово, информира МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.