среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден откако со товарно возило излетал од пат

Возач тешко повреден откако со товарно возило излетал од пат

На 09.08.2023 во 12.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на локалниот пат с.Раштани-Велес, товарно моторно возило „киа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(59) од Велес, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.