На 01.01.2021 во 01.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, кај с.Форино, патничко возило „рено меган“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(28) од с.Чегране, излетало од коловозот, информира МВР.
Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.