На 01.06.2023 околу 10.35 часот било пријавено дека на регионален пат Р-1105, на патен правец од с.Јосифово кон с.Пирава, патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(56) од с.Пирава, излетало надвор од патот.
-На местото на несреќата починал возачот Д.Ј.. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, информира МВР.
Увид извршиле увидна екипа од Полициска станица Валандово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.