петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возачи внимавајте: 244 санкционирани возачи во Скопје, 117 за брзо возење

Возачи внимавајте: 244 санкционирани возачи во Скопје, 117 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 244 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 15 мерки за управување возило под дејство на алкохол, седум мерки за возење без возачка дозвола,

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)….

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.