На 03.10.2023 во 12:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, патничко возило „даеву матиз“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот гостиварец Г.Ѓ., удрило во електричен тротинет што го управувал 40-годишниот гостиварец У.К..
Во несреќата, У.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.