петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За автобуси што вршат превоз на ученици изречени 47 казни, осум возила упатени на вонреден технички преглед

За автобуси што вршат превоз на ученици изречени 47 казни, осум возила упатени на вонреден технички преглед

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, при што се констатирани 47 сообраќајни прекршоци.

Од МВР денеска информираа дека на вонреден технички преглед биле упатени осум возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.