четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За брезо возење на територија на Македонија казнети 156 возачи

За брезо возење на територија на Македонија казнети 156 возачи

Во текот на вчерашниот ден (15.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 156 возачи.

Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 105 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 51 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.