недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За брзо возење на територија на Македонија казнети 119 возачи

За брзо возење на територија на Македонија казнети 119 возачи

Во текот на вчерашниот ден (26.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 119 возачи.

Од нив пет возилa се движелe со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 56 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 63 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.