понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За брзо возење 661 санкција на територијата на цела држава

За брзо возење 661 санкција на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената,санкционирани се 661 возач.

– Од нив, 50 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 278 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 383 надвор од населено место, соопштија денеска од МВР.