Денеска (22.12.2021) во периодот од 07.00 до 10.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 17 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.