Последнава недела зачестија пожарите не отворен простор и во општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица.
Вчера пожарникарите гаселе пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на село Алгуња на површина од шест хектари. Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот за пет часа од избувнувањето од 11 до 16:00 часот.
-Пожарот се прошири поради силниот ветер во маалите кои се во близина на границата со Р. Србија. Успеавме да го изгасиме, изјави командирот, Далибор Трајковски.
Екипите на ТППЕ Старо Нагоричане интервенирале на уште еден пожар во село Стрезовце каде горело суви гранки, дрвја, сува трева.
Последнава недела во оваа општина регистрирани се шест пожари во повеќе села и маали во оваа рурална општина.(МИА)