Вкупно 1 828 парчиња разновидни пиротехнички средства биле биле пронајдени и одземени вчера на Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат оттаму, средствата биле пронајдени при координирана акција за спречување на продавање и употреба на пиротехнички средства на подрачје на град Скопје која ја извршиле Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР.
По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.