Полициски службеници од Полициското одделение Галате, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, на 18.01.2021 во 23.00 часот, затвориле угостителски објект во кој биле седум лица-гости и сопственикот, по законски утврдениот временски рок за работно време.
– Извршиле контрола во угостителски објект во село Градец, општина Врапчиште, сопственост на Б.А.(39) од с.Градец.
При контролата, во објектот биле затекнати седум лица-гости и сопственикот, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во денешното соопштение од МВР.