сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена пешак прегазена од товарно возило, со тешки повреди пренесена во Ургентен

Жена пешак прегазена од товарно возило, со тешки повреди пренесена во Ургентен

Жена е тешко повредена откако во неа вчера околу пладне удрило товарно возило.

Од МВР информираат дека несреќата се случила на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе, и ул.„425“ и крак од ул.„Ѓорче Петров“ кога возилото управувано од Н.Д (27) од Куманово, удрило во пешак Д.П (60) од Куманово.

-Во незгодата Н.Д. се здобила со тешки телесни повреди и е  пренесена во Ургентен центар Скопје. Увид  извршила увидна екипа на СВР-Куманово, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.