На 14.10.2022 во 20.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул,,Филип Втори Македонски’’ и ул.,,Благојче Силјановски‘’ во Битола, патничко возило „мазда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(64) од Битола, удрило во пешакот А.Т.(41) од Битола, информира МВР.
Во несреќата, А.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.
Увид извршила екипа од СВР Битола.