Д.К. (43) од Скопје се здобила со тешки повреди откако вчера паднала од приколка која била натоварена со сточна храна и прикачена за трактор што го управувал нејзиниот сопруг Т.К. (48) од Скопје.
-Таа паднала во моментот кога приколката се откачила од тракторот. Од падот Д.К. се здобила со тешки телесни повреди и со друго возило била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. По укажаната помош таа била задржана на понатамошно лекување, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.