петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена во Битола откако била удрена од автомобил

Жена тешко повредена во Битола откако била удрена од автомобил

На 19.10.2022 во 15.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Битола, патничко возило „опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(21) од с.Беранци, Општина Могила, удрило во В.Л.(65) од Битола, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Л., констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.