сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена и малолетничка повредени во сообраќајка во Козле

Жена и малолетничка повредени во сообраќајка во Козле

На 26.04.2023 во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ и ул.„Брадфордска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(36) од Скопје и патничко возило „шкода суперб“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(32) од с.Грчец, општина Сарај.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фиат пунто“, М.Т.(36), а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од истото возило, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.