петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена прегазена во Кичево, со тешки повреди пренесена во болница

Жена прегазена во Кичево, со тешки повреди пренесена во болница

На 03.09.2023 околу 21.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„11 Септември“ во Кичево, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(37) од Кичево, удрило во пешакот М.С.(57) од Кичево, информира МВР.

По несреќата, М.С. била пренесена во Општата болница Кичево каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.