На 07.08.2023 во 12.55 часот во СВР Скопје, Д.С.(69) од Скопје пријавила дека на 31.07.2023 околу 11.30 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ била удрена од електричен тротинет управуван од женско лице, кое го напуштило местото, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.