понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на тетовско тешко повреден, го удрил автомобил додека се движел наназад

Жител на тетовско тешко повреден, го удрил автомобил додека се движел наназад

На 09.05.2023 во 13.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на 06.05.2023 на улица „Струшка“ во Тетово, патничко возило, движејќи се наназад, удрило во 62-годишниот Р.И. од тетовско Ѓермо.

-Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.