Во вечерните часови на 21 јуни во полициската станица во Штип било пријавено дека полицајци добивале закани по телефон од лице од скопско Батинци.
Како што информираат од МВР, овие закани уследиле откако претходно додека извршувале редовни работни задачи од областа на сообраќајот, службениците сопреле и извршиле преглед врз автомобил „голф 7“ управуван од 28-годишник од Батинци.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.