сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на Чашка крадел оружје додека требал да седи во самоизолација

Жител на Чашка крадел оружје додека требал да седи во самоизолација
илустрација

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(53) од с.Ореше, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Пријавениот, на 13.06.2021 во периодот од 00.00 до 04.00 часот во Велес, со употреба на сила и тврд предмет извршил тешка кражба во куќата на Н. Г., одземајќи три пушки, кои со дозвола ги поседувал оштетениот.