Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против П.Д.(27) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
На 09.05.2021, полициски службеници од Полициската станица Македонска Каменица извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.