Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(48) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 10.03.2022, на социјалната мрежа Фејсбук, по објавена содржина на интернет портал, пријавениот напишал коментар со кој се промовира и поттикнува омраза.