четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на Свети Николе осомничен за илегално производство на марихуана

Жител на Свети Николе осомничен за илегално производство на марихуана

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, постои основано сомнение дека осомничениот жител на Свети Николе, во текот на 2021 година, на земјоделска површина во селото Стањевци, неовластено произвел наркотична дрога – марихуана.

Во октомври годинава ја набрал, ја исушил и ја чувал во куќата во сопственост на неговиот татко. На 7 ноември, при претрес на куќата во Стањевци и помошните простории, полициските службеници пронашле вкупно 834,2 грама марихуана во повеќе различни пакувања, како и семки кои потекнуваат од растителниот род – канабис.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Основниот суд во Штип го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​