вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

121 година од раѓањето на македонскиот писател Стале Попов

121 година од раѓањето на македонскиот писател Стале Попов

На 25 мај во 1902 година во селото Мелница, Мариовско, е роден Стале Попов, македонски писател.

Богословија завршил во Битола, а Теолошки факултет во Белград. Немал постојана професија.

Бил селски чувар, тутунски работник во прилепскиот монопол, службеник во Собранието во Белград, претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, управник на шумска дирекција и професор по македонски јазик.

Во 1953 година го објавил романот „Крпен живот“, а потоа и романите „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“ и „Дилбер Стана“. Познати се и неговите повести „Опасна печалба“ и „Мариовски панаѓур“.

Починал во Скопје на 10 март 1965 година.