петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

СЕЌАВАЊЕ: 57 години од смртта на македонскиот писател Стале Попов

СЕЌАВАЊЕ: 57 години од смртта на македонскиот писател Стале Попов

На 10 март во 1965 година, во Скопје починал Стале Попов, македонски писател.

Богословија завршил во Битола, а Теолошки факултет во Белград. Немал постојана професија.

Бил селски чувар, тутунски работник во прилепскиот монопол, службеник во Собранието во Белград, претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, управник на шумска дирекција и професор по македонски јазик.

Литературната афирмација ја започнал по ослободувањето на земјата. Во 1953 година го објавил романот „Крпен живот“, а потоа и романите „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“ и „Дилбер Стана“.

Исто така, познати се и неговите повести „Опасна печалба“ и „Мариовски панаѓур“. Роден бил во селото Мелница, Мариовско, на 25 мај 1902 година.