Ансамблот „Јаношка“ од Австралија ќе настапи со оркестарот на Филхармонија на гала новогодишниот концерт „Слушни!Доаѓа Новата…“. Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев.
Музиката што ја создаваат тројцата браќа од Братислава – Ондреј, Франтишек и Роман Јаношка и нивниот роднина Џулиус Дарвас претставува колоритен контраст на нивната класична наобразба со музиката од другите жанрови – од џез и латино, до поп музика.
– Сакаме нашата музика да ја придвижи публиката, да ја допре на посебен начин. Тоа е нашата цел, истакна Франтишек Јаношка.
Тројцата браќа свират заедно со контрабасистот Џулиус Дарвас, кој исто како и нив има обрзование за класична музика.