вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Им ветувале, а сега ги заборавија: Кумановските актери незадоволни од Алаѓозовски 

-Ние, актерите од Театар Куманово, јавно го искажуваме нашето незадоволство од објавените резултати за годишната програма на министерството за култура за 2018 година, според која, на театарот во Куманово (македонска драма) повторно се доделени само два проекти, со вкупен буџет од 1.600.000 денари, се вели во реакцијата на групата актери од кумановскиот театар.
Им ветувале, а сега ги заборавија: Кумановските актери незадоволни од Алаѓозовски 
M4034S-4211

Актерите од Куманово незадоволни од третманот на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски. Незадоволството произлегува од начинот на прераспределба на средствата за 2018-та година. Група актери од Куманово смета дека театарот повторно е обесправен.

-Ние, актерите од Театар Куманово, јавно го искажуваме нашето незадоволство од објавените резултати за годишната програма на министерството за култура за 2018 година, според која, на театарот во Куманово (македонска драма) повторно се доделени само два проекти, со вкупен буџет од 1.600.000 денари, се вели во реакцијата на групата актери од кумановскиот театар.

Тие се револтирани поради, како што велат, долгогодишниот третман со кој се маргинализира кумановскиот тетар.

-Претходно бевме охрабрени со ветувањата на новиот состав во министерството дека ќе има фер дистрибуција на средствата, реагираат актерите.

Освен ова напоменуваат и за лошите услови во кои работат.

-Од 2010 година нема уметнички директор и не учествуваме во креирање на политиките. Во кумановскиот тетар функционираат две драми на македонски и албански. Оваа година се прославуваат 70 години од постоењето и се очекуваа средства, констатираат актерите.

Во реакцијата, потсетуваат и на блескавото минато на кумановскиот тетар, и нагласија дека работат во импровизирани услови.

-Не само што сакаме, ние имаме обврска да го одржиме во живот овој театар, сакаме и имаме обврска да му го вратиме некогашниот сјај, зашто овој театар и сите вработени во него тоа го заслужуваат. Затоа што граѓаните, љубителите на театарот тоа го заслужуваат. Изгледа време е пак да се активира „Нема да ви помине!“, се вели во реакцијата на групата актери.

Вршителот на должност од кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Роберт Цветковски, информира дека годинава биле доставени по пет проекти и за македонската и албанската драма, а за одобрените одлучува комисија од Министерството за култура.

Од Министерството за култура, потврдуваат дека театарот работи во лоши услови и дека таквите можности (прокиснување, недостаток на греење и други големи проблеми) не обезбедуваат услови за квалитетно реализирање на програмата. Од Министерството појаснуваат дека кумановскиот тетар со двете драми добил четири проекти што е на исто рамниште со останатите театари.