Од денеска во Музејот на македонската борба е поставена изложбата „1000 години Бигорски манастир“ реализирана во соработка со Бигорскиот манастир и ансамблот „Македонија“.
Музејот соопшти дека изложбата е пресек на духовното и материјалното богатство на манастирот во неговата богата историја од илјада години постоење.
– Дел од изложените материјали се и осум олтарни, две чудотворни, две тронски икони, Кивот од капакот на моштите, како и особено драгоцени и вредни предмети од XVIII, XIX и XX век – Митра, Игуменски крст, Епетрахил, Жезол, Рипиди со серафими…, соопшти Музејот на македонската борба.
Посетителите ќе може да ја посетат изложбата до 28 ноември согласно со актуелните мерки и протоколи за зашитита од КОВИД-19. Влезот е слободен.