понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Изложба на стрипови во Струга

Изложба на стрипови во Струга

Во галеријата „Вангел Коџома“ вечер ќе биде отворена стрип изложба „Стрип бран – стрип насекаде“, на која ќе бидат претставени наградени стрипови од последниот Интернационален стрип салон во Велес и дела од повеќегодишниот опус на македонски автори.

На настанот ќе бидат промовирани изданијата на Стрип центарот на Македонија, односно стрип книги и списанијата „Креатор“ и „Стрип алманах“.

Како што најавија организаторите, музејот „Доктор Никола Незлобински“ и центарот за кутлруа „Браќа Миладиновци“, ќе бидат претставени стрипови на македонски и албански јазик.

Целта на настанот, како што посочуваат е развој на стрип културата во Република Македонија.

Проектот е финансиран преку програмата „Нов културен бран“ на Министерството за култура на република Македонија.

МИА