среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков –Шамба во Велес

Изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков –Шамба во Велес

Во рамките на Вториот Фестивал на џез, ворлд и современа музика, вечер во 19 часот во Europe House во Велес ќе биде отворана изложба на Фотини Потамиа насловена Nered,music,label, а ќе има и концерт на Бојан Петков – Шамба.

На 13 септември во Europe House e затворање на изложбата и концерт на Dine Doneff и Јордан Костов со што ќе заврши програмата на годинашното издание на фестивалот.

За целокупниот графички дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи уметникот Филип Коруновски.

Организатор на фестивалот е Арт Генератор под покровителство на Општина Велес.

Тие ги повикуваат сите љубители на уметноста и музиката да дојдат на овие две последни вечери од Фестивалот за џез,ворлд и современа музика во Велес.