Македонската авторка Јулијана Величковска настапи на Интернационалниот поетски фестивал што се одржува во во Корк, Република Ирска од 16 до 20 мај.
Величковска во градската библиотека настапи заедно со ирскиот автор Џон В. Секстон, а настанот го модерираше Африк Мекглинчи, наградувана ирска авторка, која во своето излагање посебно се осврна кон романот „Годишни времиња” на нашата авторка.
Таа беше претставена и во рамки на професионалната програма на фестивалот, како организатор на поетски фестивали во земјава, но особено како преведувач и издавач на дела од ирски автори на македонски јазик.